Џамахал Хил најави поход на врвот: Сакам да се борам против Прохаска

Американскиот борец Џамахал Хил убедливо стигна до третата победа во низа и 11-та во професионалната кариера (има еден пораз). Хил го победи Бразилецот Тијаго Сантос со прекин во четвртата рунда на УФЦ на ЕСПН 40 во Лас Вегас.

Американецот пред оваа победа со нокаут во првата рунда ги победи Џими Крут и Џони Вокер. Седум од 12-те борби на Хил завршија со нокаут или TKO.

Убеден во своите способности, почна да прозива, неговата желба е во блиска иднина да му даде можност на поголема личност да се бори за појасот на шампионот во полутешка категорија.

„Не е важно против кого се борам, но сакам некој од врвот на дивизијата. Сакам да се борам со Јиржи Прохаска, кого го прозивам веќе две години. Не ми е гајле дали е шампион или не“, изјави Џамахал Хил и додаде:

„Имам двојно повеќе победи од него во УФЦ, ја сакам таа борба. Ако не победам на натпреварот против него, тогаш го посакувам Јан Блахович. Гладен сум, сакам златен појас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО