Две злата за каратистите на „Пејов“ на Светскиот „Като куп – Охрид 2022“ (ФОТО)

Каратистите на Карате центар „Пејов“ освоија две злата на Светскиот куп на ИЈКА „Като куп – Охрид 2022.

Медалите на вчерашниот натпревар ги  освоија Ема Гиноска во кати и Никола Огеновски во борби.

Од 7-10 јули во Охрид се одржа карате семинар од светско реноме во организација на ИЈКА Македонија и Светскиот куп псоветен на големиот карате мајстор Като, кој посебен респект кон Македонија и Охрид. На обој настан имаше преку 100 учесници од целиот свет (Јужно Африканската Република, Индија, Шкотска, Данска, Англија, Унгарија, Бугарија и други).

Семинарот беше одлично организиран и беа демонстрирани техники од областа на кихон, ката и кумите, вели сенсеи Зоран Пејов, нагласувајќи дека Карате центар „Пејов“ учествуваше со својот тим и имаше забележителен настап на овој меѓународен настан.

На Светскиот Като куп 2022 „Пејов” настапи со 3 натреварувачи: Бисера Анастасовска, Ема Гиноска и Никола Огненовски.

„Ема Гиноска освои 1 место во изведба на кати и го освои златниот медал, а Бисера Анастасовска имаше трема и, за жал, не успеа да се замеша во борбата за медал. Никола Огненовски настапи во борби (кумите) и имаше извонредни борби и се закити со златен медал“, изјави Пејов и додаде:

„Задоволен сум од сите мои учесници на овој престижен семинар и на Светскиот куп, каде што во многу јака конкуренција нашите учесници и натреварувачи достојно ја презентираа нашата школа и покажаа одлична техника и борбен дух.

Одиме понатаму кон нови победи и предизвици“.

Пејов изразува голема благодарност до организаторите на овој престижен настан на чело со сенсеи Глигор Глигороски (главен претсавник на ИЈКА Македонија) и целиот тим што овозможи да се реализира и презентира карате вештината на високо и светско ниво и тоа директно од Охрид (проткаен со илјадници карате семинари проткаени со македонски борбен дух).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО