Рафаел Физиев сака да се бори со Џастин Гејџи

29-годишниот борец на УФЦ во лесна категорија Рафаел Физиев (12-1) откри дека би сакал да се бори со Џастин Гејџи (23-4).

Физиев изминатиот викенд во Лас Вегас ја забележа најголемата победа во кариерата. Рафаел успеа да го нокаутира Рафаел дос Анчос во главниот настан на вечерта. Оваа победа беше негова 6-та во УФЦ и му го донесе петтиот последователен бонус од 50.000 долари.

Физиев верува дека е подготвен за голема борба и му фрли ракавица на Гејџи.

„Сакам да се борам со Џастин Гејџи. Предизвикот на Надал беше за забава.

Надал игра тенис, нема проблем. Гејџи, ајде да дознаеме кој е најдобар меѓу нас. Тоа е добра борба за двајцата.

Ако си подготвен, не се плашише и нема да зборуваш глупости, тогаш да се бориме“, изјави Физиев за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО