Двалишвили до Сехудо: Ќе ме победиш во борење, но ова е ММА

Грузискиот ММА борец, број еден во рангирањето на УФЦ во бантам категорија, Мераб Двалишвили зборува за можна борба со Хенри Сехудо.

„Знам дека тој е олимписки шампион во борење, но ова е ММА. Можам да се борам како сакам. И ако сака да се бори, нема проблем. Сите знаат дека моето борење е многу погодно за ММА. Според правилата на олимпиското борење, секако дека ќе победи. Но, борбата според правилата на ММА е она што ви треба“, ја пренесува изјавата на Двалишвили ММАЏанки.

Во последната борба Мераб Двалишвили со едногласна одлука го победи Петар Јан. Сехудо загуби од Алџамејн Стерлинг со поделена одлука во борбата за титулата.

Сехудо претходно го предизвика Двалишвили на борба бидејќи верува дека победата над Мераб ќе му даде можност повторно да се бори за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО