Драгољуб Радовиќ ги презентираше правилата на АИБА во Штип (ФОТО)

Денеска во хотел-ресторанот Ваго во Штип беше организиран едукативен семинар за примената на техничките правила во боксот на АИБА. Предавач на семинарот беше Драгољуб Радовиќ,супервизор на АИБА од Србија. Присустуваа боксерски работници, тренери, судии од Македонија. 


На Драгољуб Радовиќ не му е првпат да биде гост во Штип. Тој беше супервизор и на средбата од Регионалната лига, меѓу Пинк Пантер и Војводина.. Го прашавме- зошто се укина Регионалната лига во бокс?
„Така се договорија боксерские федерации. Сепак, за Регионалната лига ќе стане збор и на меѓународниот турнир во Бјелина, БиХ, што ќе се одржи од 9-12 март. Дефинитивен одговор ќе падне во Бјелина“, ни рече Радовиќ. Тој нагласи дека е добро што ќе се организираат заеднички подготовки на најдобрите боксери на Македонија, Србија и Хрватска.

„Таквите подготовки ќе дадат и резултати. Боксерите ќе имаат спаринг партнери и ќе можат добро да се подготват за силните меѓународни првенства. Ако ме прашувате кој боксер од Македонија на мене остави најсилен впечаток би рекол дека тоа е Гоце Јанески“, истална Радовиќ.


На семинарот стана збор и за лекарските прегледи и повредите, за што зборуваше спортскиот лекар од Штип, д-р Горѓи Стојчев.


Потпретседателот на БФМ, Благој Донев, изјави дека македонските боксери оваа година ќе учествуваат на сите посилни турнири и првенства.
„Заедничките подготовки на боксерите од Македонија, Србија и Хрватска ќе се одржат од 10 до 23 март. Од 24 март до 2 април ќе се одржи ЕП во Романија, каде ќе учествуват 3 македонски боксери. Македонија последен пат учествувала на ЕП за сениори во Англија, 20О8 година, кога Вели Мумин освои бронзен медал. Годинава ќе учествуваме на сите ЕП, СП, Балканските, Медитеранските игри. Првото коло од екипното првенство на Македонија во бокс ќе стартува од Битола. Ќе се одржи на 18 март, а второто коло во Штип, во организација на Пинк Пантер. И годинава ќе има награди.За одржана борба, боксерите ќе добиваат по илјада денари, за тројца исправни боксери на вага 3 илјади за клубот, над тројца боксери 6 илјади денари. Како поттик,за помасовно учества на првенствата, на клубовите ќе им бидат платени превозот и исхраната. Според новите правила, клубовите се должни на делегатот да ги достават листите на боксерите по тежински категории и возраст, половина час пред натпреварот. За исправен боксер на вага ќе се добиваат по еден бод, за победа 4, за пораз 2 бода“, ни рече потпретседателот на БФМ, Благој Донев.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО