Договорено е: Миочиќ – Кормиер на 17 август

Реваншот за титулата во тешка категорија меѓу Даниел Кормиер и Стипе Миочиќ и официјално е потврден. Тие ќе се борат во главната борба на УФЦ 241 на 17 август во Калифорнија.

Кормиер чекаше битка со Брок Леснар, но ѕвездата на ВВЕ одлучи да се повлече од ММА откако не ја доби посакуваната сума од УФЦ.

Во својата последна средба во ноември минатата година Даниел Кормиер ја одбрани титулата во тешка категорија со победа над Дерик Луис. Кормиер е во серија од седум последователни победи. Стипе Миочиќа не се борел откако ја загуби титулата во јули минатата година токму против Даниел Кормиер. Поразот ја прекина серијата од шест последователни победи на Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО