Четири медали за Тигар 2003 на ДП за деца, Серафимовска и Апосотоловска со дебитантски титули

Четири медали – 2 златни, сребрен и бронзен за каратистите на Тигар 2003 од Беловиште – Тетово на Државното првенство за деца во Кавадарци.

Медалите ги освоија Ева Серафимовска (кумите 11 год.  -36 кг) и Мелани Апостоловска (кумите 11 год. -44 кг) – златни медали, Сара Тодоровиќ (кумите 11 год. -32 кг) – сребрен и Катја Апостоловска (кумите 12 год. -45 кг) борнзен.

Серафимовска и Апостоловска по прв пат се прваци.

Воедно, со овие пласмани обезбедија место репрезентацијата на Македонија за деца од 10-13 години и учество на Балканско првенство во Бања Лука, Босна и Херцеговина. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО