АктуелноКик боксОстанато

Договорен датумот за реваншот на Хари и Верховен

Германскиот GNP.de и неколку интернет портали објавија дека е договорен датумот за реваншот меѓу Рико Верховен и Бадр Хари.

Според информациите, мечот би требало да се одржи на 25 март 2018 година на настан на Глори во Холандија. Овој пат борбата ќе се одржи во пет рунди.

Настанот ќе се одржи на Зиго Домеу во Амстердам која има капацитет од 17.000 гледачи.

Во првата борба во декември минатата година во Оберхаузен Верховен победи со технички нокаут во втората рунда по што Хари не можеше да продолжи поради скршеница на раката.

Мароканецот моментално е на издржување затворската казна, а би требало да излезе до крајот на годината.

https://youtu.be/80706C5bfJ0

.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON