Добре Маринков е нов претседател на БК Балканец

dobre marinkov
Последните случувања во еден од најтрофејниот боречки клубови, Балканец, донесоа и кадровски промени. Денеска медиумите беа информирани дека во Централниот регистер на Македонија, како претседател на Балканец е запишан Добре Маринков, пензионер, кој беше носител на два медала од Медитеранските игри во Тунис 1967 и Измир 1971 година. На ЕП во Карсрлуе 1966 година и на Униврзијадата во Москва 1973 година ги освои шестите места.
Добре Маринков досега беше тренер во Балканец и жесток критичар на работењето во клубот и на тренерите. Дали со доаѓањето на Добре Маринков ќе дојдат подобри денови и за Балканец, времето ќе покаже.
Досегашниот претседател Стојан Колев, пред неколку недели поради здравствени причини се откажа од претседателската функција.

ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО