Конор Мек Грегор се фали дека ќе добие 100 милиони долари!

konor so cvikeri

Шампионката во банатам категоријата на УФЦ, Ронда Русеј, пред некое време изјави дека е најдобро платена спортсистка на организацијата. Но, сега, Конор Мек Грегор ја надмина со следната изјава.

 „Јас се уште сум најдобро платениот спортист. Да ги споредиме договорите. Бидејќи во мојот договор има деветцифрена сума. Никој во овој спорт не добива толку. Зборуваме за 100 милиони долари и кусур. Таков ми е договорот, тука сум јас и така ги правам работите. Или учите од мене или не. Кажете ми кога ќе заработите 60 милиони од меч, при што за главниот настан шампионот се повлекува две недели пред закажаниот датум. Од следниот настан очекуваме 10 милиони долари само од билетите. Мечот со сите пропратни работи ќе генерира приход до 100 милиони долари. Јас настапувам со факти и бројки. Кога некој ќе ви покаже факти, нема што друго да направите освен да го почитувате. Треба да го почитувате добриот бизнис. Уверен сум дека ќе дојдам до договор кој ќе е со деветцифрена сума. Правилно е да биде така“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО