Споменик на Мате Парлов во Пула

mate_parlov_camel

Најдобриот хрватски спортист (и југословенски) на 20 век, Мате Парлов, ќе добие споменик во Пула.

Семејството на Мате Парлов, заедно со претставниците на Хрватската боксерска федерација, на состанокот со шефот на канцеларијата на градоначалникот на Пула, Александар Матиќ, дискутирале за можните локации за изградба на споменик на легендарниот боксер, пренесува ХИНА.

На иницијатива за споменикот на Мате е лансирана од претседателот на Хрватската боксерска федерација, Боно Бошњак.

„Треба да се почитуваат правилата на професијата, а имам забележано дека „бренд“ на Пула е Мате Парлов. Покрај Арената, луѓе од целиот свет ја препознаваат Пула токмуј преку Мате, која поголемиот дел од неговиот животот го поминал токму тука“, рече Џордано Шкуфлиќ раководителот на Секторот за просторно планирање, комуналниот систем и на имотот на градот Пула.

Mate Parlov

Матко Парлов, синот на Мате, кој со сестра му Мира учествуваше во оваа иницијатива, истакна дека семејството Парлов е задоволно од проектот, но за нив е многу важно локацијата на споменикот да биде онаа што ја заслужува Мате Парлов. На средбата присуствуваше и уметникот Анто Јуркиќ, чија понуда Комисијата ја избра за победник.

Мате Парлов е олимписки победник од 1972 година, светски и двократен европски шампион во аматерска конкуренција. Во 1978  година ја освои професионалната титула на ВБЦ во полутешка категорија. Тој почина на 29 јули 2008 година во 59-тата година од животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО