ДОБРА ВЕСТ: Халил Зубаиров доби дозвола за тренинзи и натпревари, ќе се бори за олимписка норма!

Halil Zubairov so medal sam

Една добра вест за македонското борење – рехабилитациониот процес успешно заврши и Халил Зубаиров доби дозвола од Московскиот медицински институт да продолжи со тренинзи и натпревари .

Pesko i Zubairov

„Многу е пропуштено од подготвителниот период, за да се уцествува на лиценцираните турнири, каде што треба да се изборат норми.

Затоа решивме со Халил да ги пропуштиме двата турнира во Србија и Монголија , а да се сконцетрираме на последниот светски нормативен турнир во Истанбул од 5-9 мај , каде што се надеваме на финале и да ја освоиме долгопосакуваната олимписка норма“, вели неговиотр тренер во Вардар Љубиша Пешко и додава дека Халил има голема желба и ќе даде се од себе успешно да не претстави во Турција и да не израдува со олимписка норма за Рио .

Zubairov porazen pobednik na EI

Според анализите од последното Светско и Европско првенство , уверени сме во способностите и квалитетите на Халил дека ќе успее во тоа. Зборувано е со директорот на ФБСМ и запознаени се раководството на ФБСМ , за медицинската дозвола и настапот во Истанбул . Да напоменеме дека од 14-18 април Европската елита се на собир во Зрењанин, каде што за Македонија ќе се борат да освојат олимписка норма: 57 кг Лабазан Аскербиев, 65кг Дејан Митров, 97 кг Могамедгаџи Нуров и 125 кг Бобан Данов.

Им посакуваме успешна презентација и да се пласираат во финале, кое ке ги однесе во Рио“, вели Пешко.

Precek na Zubairov prea aerdrom sprotivno2015-03-31

Да потсетиме дека Зубаиров мината година освои бронзен медал на Европксото првенство до 23 години во Полска, кој беше прв медал по седум посни години во најсилните конкуренции.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО