Добра организација на бокс спектаклот во Тетово

boks borba Tteovo juli 2016

Боксерскиот спектакл што во неделата се одржа на плоштадот во Тетово мора да се пофали за високата организација на БК Шкендија и Општината, која можеби ќе отвори врати за организирање на уште поголем настан.

Овој боксерски спектакл имаше две професионални борби и шест аматерски.

Изет Курназ (Турција)-Армел Мумба (Германија и) и Каи Хидебранд (Германија) – Дениз Полат (Турција) се дудрија во профи борбите кои траеја многу малку,првата заврш со нокаут во првата рунда, а другата со задоцнет нокаут при почнувањето на втората рунда, при што во обата мечеви победници се боксерите од Германија.

Spend Gafuri Skendija tetovo 2016

Во аматерските борби се сретнаа:

46 кг Арбер Салиху (Косово) – Емин Јашари (Македонија) 3-0
56 кг Бесфорт Мерлаку (Косово) – Арсим Шкутина (Абанија) 1-2
64 кг Леон Мерлаку (Косово) – Шпиридхом Имери (Албанија) 1-1
69 кг Венхар Хазирај (Косово) -.Љуљзим Исмаили (Македонија) 1-1
81 кг Ардит Делијај (Косово) – Ервин Купа (Албанија) 3-0
На овие средби се прикажни борби во границите на очекувањата, така што гледачите не зажалија што ја посетија оваа манифестација.

Мечевите ги водеа судиите: Латиф Демоли, Агим Тахирај, Илија Младеновски и Сиси Зенели.

Boks sudii vo Tteovo na spektakl

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО