Дионтеј Вајлдер: Сакам да се борам во УФЦ! Ќе бидам опасен во ММА борбите

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (43-2) изјави дека има намера да дебитира во октагонот во УФЦ.

Во исто време, сака да продолжи да се бори во боксот. Неодамна беше откриено дека „Бронзениот бомбардер“ веќе неколку месеци тренира ММА. Тој првично зборуваше за ММА борба со Френсис Нгану, а неодамна изјави дека сака и борба со Нејт Дијаз. Вајлдер верува дека ќе биде опасен со ММА ракавиците и сака да победи некого во борба на партер.

Вајлдер сега има 38 години, но сака нови предизвици.

„Размислувам да се натпреварувам и во УФЦ и во бокс. Во УФЦ ќе бидам опасен човек со овие ММА ракавици. Сакам да земам голем човек и да го фрлам наоколу, а потоа да се качам врз него и да го претепам“, изјави Вајлдер за Блу блуд спрортс ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО