Дионтеј Вајлдер нема да се бори против Френсис Нгану во 2025 година.

Поранешниот долгогодишен шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, го отфрли Френсис Нгану како следен противник.
Американецот се врати на рингот во јуни кога во седмата рунда го нокаутира сонародникот Тајрел Херндон во борбата без титула во Вичита, Канзас. Тоа беше неговата прва победа по тешкиот пораз една година претходно од Жилеј Жан во Ријад.
Сега, „Бронзениот бомбардер“ се подготвува за 50-тата професионална борба. Неговиот долгогодишен менаџер Шели Финкел потврди дека Вајлдер ќе се врати до крајот на 2025 година, но категорично го отфрли сценариото за средба со поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану.
„Дионтеј Вајлдер нема да се бори против Френсис Нгану во 2025 година. Таа борба нема да се случи оваа година“, изјави Финкел за Ворлд боксинг њуз.
Според него, целта е Вајлдер да има уште една борба до крајот на годината, а во 2026 година да се фокусира на „голема борба“ – против имиња како Ентони Џошуа или Александар Усик.
Во меѓувреме, Нгану на социјалните мрежи упати предизвик до Американецот, но се чини дека Камерунецот ќе мора да почека за евентуален судир.



