Дионтеј Вајлдер: Ќе се пензионирам, ако Фјури ме нокаутира во две рунди

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер не верува дека Тајсон Фјури ќе си ги исполни желбите и ќе го нокаутира во две рунди. Тиеќе се бори по втор пат на крајот на следниот месец во Невада за титулата на ВБЦ. Во првата борба Фјури умешно ги освои рундите, но два пати падна во нокаунд и судиите донесоа одлука за нерешен резултат.

Сепак, двајцата веруваат дека работите ќе бидат различни и нема да ги остават работите во рацете на судиите. Фјури верува дека ќе го нокаутира Вајлдер, но и шампионот е сигурен во својата победа. Дионтеј му кажал во камера за ТМЗ дека ќе се повлече ако го нокаутира Тајсон во две рунди.

„Ќе биде голема битка. На крајот на краиштата, тој ја промовира борбата и зборува за победа во две рунди. Никој не верува дека ќе бидам нокаутиранво 2 рунди. Не мора да трепкате за време на битката. За мене е забавно кога луѓето почнуваат да прават прогнози.

Не постои начин да се знае што точно ќе се случи. Понекогаш работите не одат според планот. Би било неверојатно ако ме нокаутира во две рунди со тие меки раце. Би се повлекол од боксот ако бидам нокаутиран во две рунди. Имам 6 години пред мене во боксот, но ако ме нокаутира во 2 рунди, тогаш завршувам со спортот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО