Дионтеј Вајлдер е отворен за борба со Ентони Џошуа

Шели Финкел, менаџер на поранешниот американски шампион во тешка категорија Дионтеј Вајлдер (42-2-1, 41 КО), рече дека неговиот тим е отворен за преговори со британската ѕвезда Ентони Џошуа (24-3, 22 КО).

„Се ќе зависи од расположението. Ќе зависи од тоа што Џошуа чувствува дека му треба. Можеби ќе му треба одмор или броба за загревање.

Можеби мисли дека навистина може да се извади во борбата со Дионтеј. Ние сме отворени за тоа“, ја пренесе изјавата на Шели „Сан“.

Потсетуваме дека Вајлдер ќе се врати во рингот во октомври во Њујорк. „Бронзениот бомбардер“ ќе се сретне со финскиот ветеран Роберт Хелениус (31-3, 20 КО). Додека Џошуа влезе во серија од 2 последователни порази, откако во август повторно загуби од Украинецот Александар Усик.

Борбата меѓу Џошуа и Вајлдер беше една од најпосакуваните кога двајцата беа шампиони. За жал, не се сретнаа, но сепак ќе има интерес за ваков судир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО