Дионтеј Вајлдер: Бризил е како мува на моето уво и ќе биде брутално нокаутиран

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер викендов ќе ја брани титулата против Доминик Бризил во Њујорк. Вајлдер на отворениот тренинг шампионот зборуваше за минатата борба со Тајсон Фјури и претстојниот со Доминик.

„Во борбата со Тајсон Фјури научив дека морам да бидам потрпелив. Побрзав, а Фјури требаше да биде перфектен во текот на целата борба. Ми требаа само две секунди. Тоа беше мојот момент и моето време. Бризил ќе биде брутално нокутиран овој викенд. Немам трпение. Задолжителните предизвикувачи се како муви и ти си тој што треба да ги убиеш. Бризил е како мува во моето уво, но викендов таа мува ќе биде завршена. Ќе го победам на невиден начин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО