Дин Личина, Филип Блажевски и Александар Ангеловски – најдобри натпреварувачи на Охрид опен

На Меѓународниот турнир во олимписко таеквондо „Охрид опен 2023“ за најдобри борци се прогласени: сениорот Дин Личина од ТК Кобра, јуниорот Филип Блажевски од ТК Бутел и кадетот Александар Ангеловски од ТК Корио.

Овие млади таеквондисти навестуваат дека сениорите добиваат конкуренција што е од голема корист за македонското таеквондо.

Тренерот Коста Михајлов смета дека Дин Личина има потенцијал и дека во наредниотр период претстои напорна работа и спаринзи со најдобрите македонски натпреварувачи.

И од Бутел и од Корио веруваат во квалитетот на Филип Блажевски и на Александар Ангеловски и очекуваат добри резултати во иднина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО