Катерина Ацевска е осма Светската џиу џицу ранг-листа, Данил Николиски е 16-ти

На новата Светска ранг-листа на Меѓународната џиу џицу федерација (JJIF) Катерина Ацевска е во Топ 10 натправрувачите во светот во својата категорија, таа е на 8-то место.

Катерина Ацевска неодмана го освои бронзениот медал на Европското првенство за У-16, У-18 и У-21 во Веркуин, Франција, во категоријата над 70 килограми во У-21. Авецска во борбата за бронзата славеше против Унгарката Ана Вираг Дудаш 17-12.

Понатаму на ранг-листата е Данил Николиски во У-18 е на 16-тото место, следи Ева Димитрова (у-21) на 22, па Јаким Колевски 55 и Зоран Колевски 56 место во У-18.

„Пласманот на ранг-листата на Катерина и на Данил се должи на резултатот од последното Европско првенство во Франција каде што Катерина Ацевска го освои третото место а Данил Николиски петтото“, вели селекторот Александар Ацевски.

Ацевски најави дека нашата репрезентација веќе в петок ќе патува на силен Меѓународен турнир во Словенија, каде што треба да настапат 500 натпреварувачи од Белгија, Данска, Романија, Германија, Австрија, Италија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО