Димоски: Турција, Хрватска и Србија не не посакуваат за противник!

Zlatko Dimoski

Пред Балканското првенство за сениори во Чачак, разговаравме со тренерот на репрезентацијата во  кати, Златко Димоски. Нашата екипа минатата година во Охрид го о свои златниот медал на Блаканското првенство.

Што очекувате од Балканското првенство, кое претсатвува вовед во Европското сениорско првенство во Турција?

-Најпрвин за ЕП во Цирих. Бевме во група со Италија, актуелниот европски шампион од ЕП во Лисабон. Во групата беа и Германија и Словачка, како посериозни противници. Искрено, бев загрижен зашто бевме во група со Словачка која има одличен тим предводен од Ема Браздова, двоен европски првак, Лисабон 2014 и Цирих 2015. Во првото коло се сретнавме со Босна иу Херцеговина (тим кој е далеку од квалитетот на нашиот тим) ги добивме со 5-0.
Во второ коло го чекавме победник од мечот Германија –Словачка. Со внимание го следев мечот и очекував победа на Словачка, но се случи победа на Германија, не само по мене, туку и за повеќето тренери, подобар беше тимот на Словачка, сепак германките победија. За победа над Германија, ја чувавме најквалитетната ката „супарумпеи, што ќе значеше следен меч за финале со Италија. По изведбите и на Германија и на нашиот тим, нашата екипа ја имаше најсигурната, најдобра изведба од сите досегашни настапи на ЕП во Лисабон,СП во Гвадалахара,Премиер лигата. Бев сигурен дека ќе биде 5-0 за Македонија и веќе размислував која ката да ја употербиме во мечот за финале со Италјанките, но на мое изненадување и на очиглед на сите, победи Германија со 4-1. Се радуваа на очигледно подарената победа. По мечот, тренерите на Турција,Белорусија,тренерот на италјанката Донофрио- повеќе кратна европска шампионка и неколку судии ми честитаа и рекоа дека буквално ни е одземен медал.

На ова првенство тимот беше најподготвен до сега и одевме на медал во финале. Иако бев многу револтиран од неправдата, но во ката нема протест за судиска одлука и нема можност на никаква реакција. Потоа во финалето Германија загуби тесно со 3-2 од Италија, што исто така не беше реален резултат, бидејки требаше да заврши 5-0 за Италија (иако во наш интерес беше победа на Германија за влез во финале, како ние би се бореле за бронза, но Германките заслужено загубија од италија и ние загубивме можност за репасаж за бронза,). Германија во мечот со Црна Гора за бронзениот медал заслужено победи. Со моето 10 годишно искуство, како светски судија со А-лиценца за ката на СП и ЕП и тренерско искуство, тврдам дека македонскиот тим во сите критериуми на мечот со Германија требаше да победи со резултат 5-0. Први се Шпанките, истиот тим кој на ЕП во Лисабон загуби во првото коло и не освои медал, а на СП Гвадалахара беа светски шампиони. Втора е Италија, трети се Франција и Германија.

Дали си задоволен од формата што ја прикажуваат до сега нашите репрезентативци, пред се во Премиер лигата и ЕП за јуниори, јуниори 21 и кадети?

-Од девојките во тимот сум задоволен од нивната изведба, бидејќи ова беше најдобра нивна изведба на „супарумпеи“, со која до сега сме ги победиле сениорските тимови на Египет, Белорусија, Португалија, Србија,Турција, Хрватска. Им честитам на нивната смиреност и психичка стабилност, што го издржаа притисокот и неправдата. Донофрио, европската шапионка од Лисабон и сега од Цирих, како и Марија Фурсова, член на белорускиот тим, кој е бронзен од ЕП за сениори, по натпреварот им честитаа на девојките од тимот и рекоа дека им е нанесена неправда, а за ова ЕП, најмногу, заедно со своите тренери, се плашеле да не се сретнат со македонскиот тим, што доволно зборува за квалитетот на македонскиот тим.

samionki kata bp
Дали на Балканското првенство ќе се дефинира составот на репрезентцијата за ЕП?

Да се освои медал на ЕП е тешко и во кумите и во ката. И во кумите имало и ќе има неправедно недосудени поени, но може да се стигне резултатот на противникот и по недосуден поен, а за сениори, тренерот има можност на чаленџ правилото за видео контрола на недосуден поен и можност да се исправи грешката на судиите. Во ката таква можност нема. Во ката да се освои медал на ЕП и СП, ако сте дел од големата четворка потребно е да се исполнат неколку услови:-максимална психо-физичка подготвенсот низ правилен карате тренинг (девојките беа најспремни до сега);-добар ждреб и -добар панел од квалитетни и храбри судии кои не потпаѓаат под влијание.
Ката тимот на ова ЕП го немаше третиот услов.
За европското во Истанбул се надевам дека нема да се сретнеме на почеток со некој од 4-ката Франција, Италија, Шпанија, а посебно не со Германија кој е фаворизиран тим пред се, затоа што претседател на судиската комисија на WKF е Германец, пред кого полагат судиите кои судат?! Главниот лоби играч за влез на карате на ОИ е германскиот сенатор Вилфред Линке и советник на Банк Мун, затоа Германките беа светски прваци на СП Бремен и го победија тимот на Јапонија. Нашиот тим во Премиер лигата загуби 3-2 од Германките, бевме поразени и во Премиер лигата во Истанбул 2014 година, исто така со 3-2, за финале,загубивме и на ЕП Цирих.

2014-11-22 14.21.33

Дали е познат составот за Чачак?  Можеме ли да го повториме успехот од Охрид?

-За Балканското во Чачак е мало Европско првенство, бидејќи и кај машките и кај женските настапуваат неколку носители на медали од европски и светски првенства. Турчинот Али Суфоглу, Турчинката Дилара Бозан, турските ката тимови, како и српскиот и хрватскиот ката тим, кои се носители на европски медали, но сигурен сум дека секој од нив не сака да не има нас за противник, бидејќи Хрватките ги добивме на Медитеранското и на Балканското 2014, а исто и Турчинките, кои ги победивме во финале на Балканското, но на медитеранско загубивме во финале .
На балканско покрај женскиот тим на КК Ронин ќе настапи и машкиот тим на КК Вардар. Поединечно право на настап имаат тројцата најдобри од државното кај мажите, како Фери Исиќ-Вардар и Андреј Бошкоски-Ронин, кој заради повреда нема да настапи. Кај жените ќе настапат Пуликсенија Јованоска, близначките Маријана и Мишела Димоски, а Марија Матракоска која обезбеди настап и во ката и во кумите, нема да настапи во ката за да биде концентрирана само на борби.
За ЕП Истанбул поединечно ќе настапи оној натпреварувач кој ќе има најмногу поени од сите досегашни првенства. За некои пресудни ќе бидат пласманите и поените освоени на Балканското во Чачак.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО