Додека во борбата против Џозеф Паркер во октомври изгледаше како боксер на крајот на патот, Александар Димитренко во Шведска (39-3, 25 КО) вдахна нов живот во својата кариера.
34-годишниот Русин во првата рунда од битката за ИБФ Меѓународната титула во Малме го нокуатира домашниот тешкаш, претходно непоразениот Адријан Гранат (14-1, 13 КО).
25-годишниот Швеѓанец во мечот влезе полн со самодоверба, а Димитренко го покоси со совршена контра со заден директ во средината на првата рунда. Стресениот Гранат успеа да одговори на броењето, но Русинот не му даде прилика да се опорави и судијата му одброја на Швеѓанецот додека беше на колена.
https://youtu.be/H8zlMZjRryw
.