Каванаг со занимлив предлог за Нелсон: Да дознаеме кој е вистинскиот „Карате кид“ во УФЦ?

Одличниот настап во Лондон минатиот викенд го одбележа втората по ред победа на Гунар Нелсон, а тоа уште еднаш го поттурна Исланѓанецот во комбинации за борби со најголемите имиња.

Впрочем, едно од тие имиња му падна на памет на Џон Каванаг, тренерот на Гунар во прославениот СБГ/SBG тим. Џон смета дека „Гуни“ идеален противник би го имал во последниот предизвикувач за појасот на Тајрон Вудли – Стивен Томпсон.

„Што е следното за Гуни? Како бибило ова лето да дознаеме кој е вистинскиот „Карате кид“ во УФЦ? #GunnivWonderboy “, предложи Ирецот на Твитер по победата на Нелсон над Алан Јубан.

Што велите за овој предлог?

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО