Мирко Кро Кап го посочи најголемиот ММА борец во историјата

Легендата на боречките спортови Мирко Филиповиќ – Кро Кап го именуваше Џон Џонс за најголем ММА борец на сите времиња.
51-годишниот Хрват, кој го освои Гран прито на Прајд во лесна категорија во 2006 година, е непоколеблив во својот избор, и покрај тоа што се соочи со голем број легенди во текот на својата кариера, вклучувајќи го и Федор Емелијаненко.
„Само едно име – Џон Џонс. Нема сомнение за тоа“, рече Кро Кап во интервју за Јутјуб каналот РМЦ спорт комбат.
Според Филиповиќ, проблемите на Американецот надвор од кафезот не треба да влијаат на проценката на неговите спортски достигнувања.
„Ако ги оставиме настрана сите проблеми што ги имаше со УФЦ и со законот, кој може да негира дека Џон Џонс е најголемиот борец во историјата? Можете да го сакате или мразите, но сите мора да признаеме дека тој продолжува да биде најголемиот во историјата“, додаде Хрватот.



