Артем Лобов до Вудли: Престани да квичеш како мала кучка

Шампионот на УФЦ во полусредна категорија, Тајрон Вудли, често ги користи медиумите за да ги каже своите ставови за различни прашања кои се претежно поврзани за односот на компанијата кон него.

„Чосен оне“ тврди дека е „најлошо третираниот шампион“ во историјата на УФЦ, дури смета дека спрема него има расистички однос од страна на Дана Вајт и компанија.

Сепак, не се малку луѓето на кои постојано и ги пушува своите поплаки Тајрон Вудли. Еден од нив е и борецот Артем Лобов, кој на Твитер испрати директна порака до шампионот.

„Еј, Тајрон Вудли, ова е како се промовираш себе си, не со плачење и квичење како мала кучка“, напиша Лобов, споделувајќи видео по импресивната победа на Гунар Нелсон над Алан Јубан на УФЦ Лондон.

Гунар Нелсон е еден од тренинг партнерите на Артем Лобов, кој, според рускиот борец, тоа е најдобар начин да докажеш, а не постојано да зборуваш по медиумите.

Лобов очекува да се сретне со Куб Свансон во наредниот дуел.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО