Димитар Ѓоргиев по бронзата на СП во кик бокс имаше прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денеска организираше прием за носителот на бронзениот медал од Светското првенство во кик бокс, Димитар Ѓоргиев, претседателот на Кик бокс федерацаијата на Македонија (КБФМ) и селектор на репрезентацијата, Дејан Митровски – Урко и Драган Атанасовски, тренер на репрезентацијата.

„На приемот се разговараше за идните планови и првенства во наредната година на кои ќе земеме учество, во зависност од средствата и дисциплините кои се застапени во согласност со календарот на Светската федерација. На темата за подобрување на условите за тренирање од Агенцијата КБФМ ќе добие сала каде што ќе може да се подготвуваат репрезентативците“, истакнува Митровски.

Претседателот на КБФМ вели дека Агенцијата до сега излегувала во пресрет за сите потреби и помагала во решавањето на сите настанати проблеми со кои се среќаваат.

„Целата оваа соработка ни помага и ќе вроди со поголеми резултати и достигнувања на меѓународен план“, заклучува претседателот на КБФМ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО