Иван Викиќ пред ГФЦ во Врање: Одиме на победа, доста е со  порази!

Борачот на Спартак, Иван Викиќ, ан 22 декември пак влегува во октaгонот на ГФЦ (Гладијаторс фајтинг чеммионшипс) во Врање, Србија, против Томо Влаовиќ во категоријата до 93 килограми.

„Бидејќи се борев со многу поискусни и појаки борци од мене, подготвен сум психички за овој меч и жеден за победа. Ќе дадам се од себе за да победам“, вели Иван Викиќ кој од неодамна се пресели во соседна Србија.

Таму тренира и се подготвува со тренерот Саша Михајловиќ (кик бокс тренер) кој многу вложил труд во подготовките на Иван.

„Одиме на победа, доста е со  порази“, порачува Викиќ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО