Димитар Ѓоргиев и Инбокс го искористија „ваучерот“ за финансирање на спортисти

Трикратниот светски шампион во кик бокс и носител на бронзениот медал од годинашново Светско првенство во Будимпешта, Димитар Ѓорѓиев, потпиша договор за материјална и логистичка поддршка со компанијата Електронски центар за управување со податоци и документи Инбокс, користејќи ги поволностите што ги дава можноста за финансирање на спортисти, односно ослобудвање на дел од данокот на добивка со ваучер од Агенцијата за млади и спорт.

Ѓоргиев искажува благодарност до Инбокс и не го крие задоволството од договорот за соработка, а и ги повикува сите спортисти и фирми да ги корситат законските можности

За нас спортистите компаниите и поединците кои го препознаваат квалитетот се знаќајни. Една од нив е Инбокс која несебично дава поддршка за врвните спортисти. Искрено се надевам дека и во иднина ќе ја оправдам нивната доверба“, изјави Ѓоргиев.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО