Александар Маленко го разбранува Собранието на МОК

Македонскиот олимписки комитет (МОК) го одржа редовното годишно Собрание, при што точките минуваа и без дискусија.

Но, заспаноста на Собранбието на МОК ја за разбранува Александар Маленко во врска со Стратешкиот развоен план на МОК, кој беше посебна точка на дневниот ред.

Тој го о бвини Томче Андоновски од Агенцијата за млади и спорт дека е еден од главните виновници за сегашната состојба на македонскиот спорт.

Маленко го нарече гробар на македонскиот спорт, бидејќи постајно правел стратегии.

„Да престанеме со празните флоскули“, порача Маленко кој рече дека тоа го кажува вистински олимпиец.

Тој доби поддршка и од претставникот на гимнастиката, истакнувајќи дека АМС во последните години се претворила во градежна фирма. Според него, државата се меша во Статутите на федерациите.

Олмпискиот шампион Шабан Трстена беше конкретен, односно да се запрашаме зошто два циклуси немаме норми за Олимписките игри. Побара да се направи анализа зошто немаме олмписки норми овие години.

Васко Костојчновски смета дека спортот треба да се дефинира како дејност од посебен општествен интерес, кој е изготвувач на Стратегијата пред 10 години која не е реализирана.

Венцислав Недев истакна дека треба да се обрне внимание за наградите, 8 Септември и Спортист на годината, бидејќи таму с еправи најголема дискриминација.

Маленко подоцна нагалси дека македонскиот спорт доби два жолти картони, а цревниот значи суспензија на македонскиот спорт на меѓународна сцена.

Заложбата е да се направи стратегија што ќе биде издржлива и ќе носи успеси на спортот во Македонија. Сето тоа да биде во соработка со државата, АМС, националните федерации.

Ipon.mk

Фото: ФБ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО