Хва ранг ИТФ: Најуспешна година од постоењето – овековечена со 119 медали (ФОТО)

Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец, Охрид го направи традиционалниот новогодишен рекапитулар на крајот од годината, истакнувајќи дека ова е најуспешната сезона во нивното 25 годишно постоење.

Хва ранг ИТФ годинава учествуваше на повеќе меѓународни натпреварувања на кои освои вкупно 119 медали и притоа додаде и неколку индивидуални признанија.

Тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски, истакна дека од година во година клубот дава се подобри резултати, а за таквиот успех покрај таеквондистите и тренерите, заслужен е и генералниот покровител на тимот, ПН Метал.

„Оваа година Македонија ја збогативме со 119 медали: 29 златни, 35 сребрени, 55 бронзени, како  и четири пехари за најдобар кадет, за најдобар јуниор, за трет најдобар клуб и за најперспективен спортист на Општина Охрид за 2016 година. Овие успеси немаше да ги направиме ако рамо до рамо со нас го имавме генералниот спонзор ПН Метал“, истакна тренерот Лазаревски.

На традиционалниот собир специјални награди како „најдобри меѓу најдобрите“ добија Јане Димов, Божидар Димитријевиќ и Давид Крстевски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО