Димитар Ѓоргиев утре со профи-борба на Будва Сплендид Гранд при – Арена фајт најт

Димитар Ѓоргиев во сабота ќе настапи на традиционалниот Меѓународен кик бокс турнир Будва Сплендид Гранд при – Арена фајт најт во Црна Гора во К-1 и лоу кик. Ѓоргиев ќе се бори со домашниот кикбоксер Михаило Чулафиќ во категоријата до 84 килограми во лоу кик. 

На турнирот ќе настапат најдобрите борци од Црна Гора, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија во десет мечеви, од кои девет се во кик бокс, а еден е во бокс, и, вусшност, тоа главната борба на вечерта меѓу Даниел Пршовиќ (Црна Гора) и Томислав Рудан (Хрватска).

„Како и останатите спортисти, не сум во најдобра форма, бидејќи моравме да импровизираме со тренинзи во природа. Но, ќе дадам се од себе да победам во борбата со домашниот натпреварувач“, изјави Димитар Ѓоргиев.

Инаку, на турнирот настапува комплетната кик бокс репрезентација на Црна Гора.

„Димитар е подготвен, иако имаше пауза поради ковид-19 мерките за затварање на салите за тренинг за индивидуалните спортови. Кондицијата колку можеше ја одржуваше со трчање во природа“, рече селекторот Дејан Митровски-Урко по мерењето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО