Георгиев: Одбраната на светската титула ја почнувам со „Љупчо Неделковски“!

dimitar vo Spanija

Димитар Георгиев, двократен светски шампион, на Меѓународнит меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ во Виница ќе се бори со Мухамед Јилдиз од Турција, во лоу кик до 81 килограм.  На Светскиот куп ,,Хрватска опен“, Димитар Ѓеорѓиев  се закити со златен медал, а беше прогласен и за најдобар кикбоксер во кик лајт.

„Оваа, 2015 година, многу ми е драго што ќе ја започнеме со меморијалниот куп „Љупчо Неделковски“. Се надевам, сите ќе имаме фер борби. Мојот противник е искусен борец. Се бори во повеќе дисциплини, како што се К1, маи таи и лоу кик. Но, сепак, мислам дека нема да ја разочарам публиката и дека ќе донесам победа за Македонија“, истакнува Георгиев, на кого годинава ќе настапи на неколку меѓународни купови во Европа, а потоа и на Светското првенство, на крајот од годината.

„И, нормално, да си ја одбранам светската“, нагласува Димитар.

mem turr nedelovskki

Во К1 до 81 килограм носителот на бронзениот медал од Европското првенство, Мики Ивановски, ќе се сретне со Огуз Шеќер. Во истата категоррија, но во лоу кик, Димитар Ѓоргиев ќе се бори со Мухамед Јилдиз од Турција. Македонско-турскиот дуел ќе продолжи и во мечевите Александар Димовски-Фатих Јилдиз до 91 кг во лоу кик, Виктор Георгиевски-Тургут Косакоја (К1, -86 кг) и Стојче Цветковски-Ајкут Тонкал (лоу кик, -86 кг). Хадис Рамадани ќе се бори против Фазлија Реџепи од Србија (лоу кик, -63,5 кг), како и Бобан Илиоски и Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг).

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО