Дилиен Вајт: Верувам дека можам да го победам Поветкин девет од десет пати

Дилиен Вајт продолжува со коментари упатени до Александар Поветкин. Англискиот боксер очигледно сè уште не може да го проголта поразот од Русинот во првиот меч меѓу нив на 22 август на тренинг кампот на „Мечрум“ во Брентвуд, Англија.

„Нема барам изговори. Погледнете, мојот тим го направи она што требаше да го направат. Тие ме заштитија од повреди и ме ставија во форма за борбата. Добро боксувавме, добивме во рунди и тоа против еден од најдобрите противници со кои се сум се сретнал по подолго време.

Отпрвин го натерав да промаши ударите што обично ги задава, но понекогаш е така. Тоа е бокс, можете да победите 11 и пол рунди и да бидете запрени во последните 10 секунди“, изјави Вајт за Скај спорт, пренесен од boxingscene.com.

„Крадецот на трупови“ во реваншот ќе се сретне со „Рускиот витез“на 21 ноември. Домаќин на средбата повторно ќе биде Велика Британија.

„Мојот тим заврши одлична работа. Се чувствував дека сум во многу подобра физичка форма отколку за време на мојата борба против Мариуш Вах во Саудиска Арабија. Имав 114,6 кг, бевме среќни. Александар Поветкин заслужува почит. Тој одигра фер и упати одличен удар, но мислам дека можам да го победам девет од десет пати“, заврши Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО