Садулаев се подготвува за враќање на тепихот (ВИДЕО)

Абдулрашид Садулаев и руската репрезентација во борење во слободен стил се подготвуваат за почетокот на турнирите. А тоа ќе се случи на 15 октомври, кога почнува националното првенство на „Зборнаја“. Првенството ќе се одржи во Наро-Фоминск, Московска област.

„Ова е работната атмосфера што ја имаме на тренинг кампот. Во тек е последната фаза од подготовките за рускиот шампионат. Сега посветуваме поголемо внимание на тепихот, работиме во парови и спроведуваме контролни битки“, напиша„ Аварскиот тенк“ на својот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/p/CFxYvI0IVAk/?utm_source=ig_embed

Оваа година дагестанскиот борач ја продолжи доминацијата во 97-килограми во слободен стил. Тој ја освои четвртата титула од шампионатот на Стариот континент (2014, 2018, 2019, 2020 година). 23-годишниот борач е актуелен олимписки шампион (2016 година) во категоријата до 86 килограми. Има четири светски титули (2014, 2015, 2018 и 2019 година). Аварскиот тенк два пати победи и на Европските игри (2015 и 2019 година).

Неговиот биланс на победи и порази на душекот е импресивен. Садулаев во кариерата има 123 победи наспроти само 2 порази (Кајл Снајдер (САД) и Гамзат Османов (Азербејџан).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО