Дијаз испрати жестока порака до Конор, Хабиб и Пориер (ВИДЕО)

Ултра популарниот УФЦ борец Нејт Дијаз преку официјалната Инстаграм профил испрати видео порака до своите најголеми ривали Конор Мек Грегор, Хабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер.

Американецот, кој не се борел од реваншот со Мек Грегор во 2016 година, на оваа социјална мрежа во понеделникот ја објави својата видео компилација, а со до неа напиша:

„Хабиб некаде се крие уплашен, затоа што нашлакав до болка, Конор веќе два пати си го до доби по главата. Каде си по ѓаволите Хабиб? ПС Пориер е пи.ка“.

Токму против Дастин Пориер имаше закажано меч на крајот на минатата година, но на крајот неговиот противник се откажа, а Дијаз остана без настап на УФЦ 230 во Њујорк. Со оглед на милионите што ги заработи на два меча против „Озлогласениот“ Нејт не е принуден да се бори поради хонорар, но и самиот е свесен дека мора да остане активен доколку сака да остане релевантен.

Додека Пориер има закажа меч против Макс Холовеј на следниот ППГ настан, пред Хабиб и понатаму е долгата суспензија заради инцидентот по УФЦ 229. Како потенцијален противник меѓу овие тројца се наметнува „Озлогласениот“. Тој ноќеска го објави заминувањето во боречка пензија.

https://www.instagram.com/p/Bvb-91ohsNu/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО