Портпаролката на Мек Грегор ги отфрла наводите за силување

Ирските медиуми во јануари објавија дека големата спортска ѕвезда завршила на испитување во полицијата заради сексуален напад.

Повеќе медиуми го истакнаа името на Конор Мек Грегор, а таа теза ја потврдуваат и информациите што протекоа од ирската јавна телевизија РТЕ.

Полицијата го испраша осомничениот во врска со инцидентот што се случил на 10 декември во Даблин. Осомничениот дојде со адвокат.

По испитувањето и давањето на ДНК примерок беше ослободен и се очекува поднесување на тужба.

Поради ирските закони, името на обвинетиот не бешео објавено, но информациите за поранешниот шампион на УФЦC се појавија од повеќе страни.

Гардаи (ирската полиција) информирана е за наводното силување од пријателка на жртвата, кој се плашела сама да го пријави злочинот. Ја посетиле жената и разговарале со неа, потоа однеле во болница на преглед, каде што и се земени форензички примероци.

Жената на возраст од 20 години, наводно, се сретнала со спортска ѕвезда во јужниот дел на Даблин и откако се дружела, завршила со негова придружба во хотелот каде што конзумирале алкохол и кокаин. Тврди дека некаде помеѓу полноќ и 3 часот таа била силуван и претепана од спортска ѕвезда. Со прегледот е утврдено дека се здобила со сериозни повреди. Жената е мајка на мало дете и во врска на друг маж.

Мек Грегор во почетокот на годината стана татко по втор пат.

Во меѓувреме веста ја преземаа американските медиуми кои тоа го поврзаа со неговото соопштение за повлекувањето од ММА.

Се огласи и портпаролката на Мек Грегор, Карен Кеслер.

„Оваа приказна циркулира веќе некое време и не е јасно зошто сега е објавена. Претпоставката дека објавата на Конор за пензионирање е поврзано со оваа гласина е сосема погрешна.

Ако Конор се бори во иднина, тоа ќе мора да биде во средина која ја цени вредноста на борците, нивните вештини, напорна работа и посветеноста на спортот“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО