Џудистите на Пролетер се закитија со 19 медали на Државните првенства за сениори и за пионери

Џудистите на еден од најстарите македонски клубови Пролетер од Прилеп на Државните првенства за сениори и за пионери освоија 19 медали – 6 златни, 3 сребрени и  10 бронзени.

На шампионатот во Прилеп изминатиов викенд медалите ги освоија:  

Медалите ги освоија: пионери – златни – Петар Велјаноски, Христијан Богданоски, Владимир Милчиноски и Нина Николоска;

сениори – златни – Давор Велкоски и Јордан Горгиоски;

Пионери – сребрени – Дамјан Петрески и Никола Трајкоски;

сениори – сребрени – Мето Ласкоски;

Пионери – бронзени -Никола Спиркоски, Тадеј Галески, Христијан Везенкоски, Максим Стојаноски, Давид Колески, Михаил Димоски и Давид Петрески;

Сениори – бронзени -Христијан Ангелески, Валентин Цанески и Давид Талески.

Раководството на клубот очекува добри резултати и овој викенд на Државните првенства за јуниори и за помлади пионери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО