Николовски и Митров изедначени по бројот на државни титули, трет на листата е Коце Ефремов

Неодамна заврши Државното првенство во борење слободен стил за сениори, а интересно е тоа што борачот на Балканец од Штип, Дејан Митров, се издначи по бројот на освоени титули со Чедо Николовски. Тие двајцата имат освоени по 13 државни титули.

Од друга страна, Митров ако себори и идната година има шанса да го помине Николовски и да постави нов рекорд по бројот на освоени титули на државните првенства, бидејќи поранешниот вардарец веќе не е активен борач. Но, титулите на Николовски се во низа и тешко дека некој може да направи таква серија во блиска иднина.

На третата позиција е борачот на Спартак Коце Ефремов, сега покоен, кој има 11 титули, па следуваат Шабан Трестена и Шабан Сејди со по 10.

1.Чедо Николовски (Вардар, Бучим Јака) 1983, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989, 1990, 1991, 1992, 1993, 1994, 1995 …….. 13

2.Дејан Митров (Балканец, Хедис) 2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 2020 ……… 13

3.Коце Ефремов (Спартак) 1975, 1976, 1977, 1978, 1979, 1980, 1981, 1986, 1988, 1993, 1996 ……………………… 11

4.Шабан Трстена (Лирија, Вардар, Скопје) 1981, 1982, 1983, 1984, 1985, 1988, 1989, 1990, 1996, 1997 ………………………………. 10

5.Шабан Сејди (Скопје, Партизан Белград) 1976, 1977, 1978, 1980, 1982, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989 ………………………………. 10

6.Трајан Ангелов (Бучим Јака) 1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2002 ………………………………. 10

7.Горан Атанасов (Бучим, Тигар) 2001, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2011, 2012, 2016, 2019 ……………………………… 10

8.Ристо Дарлев (Скопје) 1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1975, 1977, 1980, 1981 ………………………………………… 9

9.Љуљзим Вренези (Лирија, Скопје) 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2002, 2003, 2004, 2009 ………………………………………… 9

10.Бобан Данов (Балканец) 2007, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2018 ………………………………………………… 8.

Оваа статистика е на Славчо Тодоров кој ги подготвува материјалите за неговата прва самостојна авторска книга псоветена на борењето. Инаку Тодоров е коавтор на монографијата „Борење најтрофеен македонски спорт“ која беше издадена по повод 55 години од ФБСМ. Фактички, тој го изработи најтешкиот дел од оваа монографија, односно ги комплетира сите статистички податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО