Џошуа веќе тренира за наредната борба – кога и да е (ВИДЕО)

Светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа веќе напорно тренира за следниот меч. По победата на Владимир Кличко 27-годишниот Британец имаше кратко време за одмор и веќе повторно работи со полна брзина.

Следниот противник на Џошуа се уште официјално не е познат, но постои голема веројатност повторно тоа да биде украинската легенда.

Ако Владимир Кличко ја активира клаузулата за реванш, тогаш најверојатно дуелот ќе се одржи на 28 октомври во Кардиф.

Меѓу можните противници на Ентони Џошуа е и Бугаринот Кубрат Пулев, кој е кандидат за титулата на Меѓународната боксерска федерација – ИБФ.

„Се подготвувам да боксирам со кого и да е“, напиша Британецот во официјалниот профил на Твитер и објави видео од својот тренинг.

https://twitter.com/anthonyfjoshua/status/864449471203168256

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО