Џошуа прогнозира победа на Вајлдер во мечот со Фјури

Ентони Џошуа (22-0, 21 КО) ги држи ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО титулите на светски првак во тешка категорија.

Единствената преостаната, на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 КО) ноѓеска ја брани против Тајсон Фјури (27-0, 19 КО).

Останува да се види дали во случај на победа на Вајлдер Џошуа ќе се бори со Американецот на 13 април или ќе влезе на Вембли во рингот со победникот од реваншот меѓу Дерек Чисора и Дилиен Вајт.

Сепак, 29-годишниот Британец го прогнозираше за исходот од мечот Вајлдер-Фјури.

„Дефинитивно Вајлдер“.

„Фјури имаше долга пауза, не се борел и сега се бори со боксер од шампионски ранг“.

„Доказот е во пудингот (изразот се однесува на претходното искуство на боксерите кои вратиле по долга пауза за големите битки-з.н.), па затоа мислам дека Фјури ќе изгуби, а Вајлдер ќе победи“.

https://www.youtube.com/watch?v=bzeVYC2X8b0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО