Дана Вајт: Сакам борби меѓу Конор-Пориер и Хабиб-Фергусон

Дана Вајт по финалето на ТУФ 28 истакна што планира УФЦ за Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов. Се чини дека во иднина може да ги видиме со нови противници, но најпрво е потребно да се утврдат нивните казни поради инцидентите од УФЦ 229.

Мек Грегор и Хабиб за своите постапки по нивната борба ќе одговараат пред Спортската комисија на Невада. Состанокот на Комисијата е закажан за 10 декември, а Вајт го прокоментира можниот исход од истиот:

„Не би рекол дека можат на Хабиб да му изречат суспензија повеќе од една година. Се надевам дека нема да биде повеќе од тоа, бидејќи не би било фер. Се се заврши за 40 секунди, никој не настрада, ништо не се случи. Комисијата мора да испрати порака, но верувам дека тоа нема да биде суспензија подолга од една година“.

Иако се споменуваше Доналд Кероне како следен противник на Мек Грегор, Вајт „навива“ за реванш меѓу Ирецот и Дастин Поирер.

„Никогаш не се расправало за борба со Кероне, борба која во овој момент има смисла за Мек Грегор е онаа со Поирер“, порача Вајт.

Кога станува збор за Хабиб, Вајт смета дека следниот негов противник би требало да биде Тони Фергусон. Вајт истакна дека Фергусон заслужува шанса да се бори за титулата во УФЦ во лесна категорија кој сега е во сопственост на Нурмагомедов.

Исто така, Вајт порача дека победниците од потенцијалните борби помеѓу Мек Грегор и Поирер, односно Нурмагомедов и Фергусон, би требало да се борат меѓусебно.

„Тони би требало да добие шанса да се бори за појасот, а победниците од тие борни потоа да се борат меѓусебе. Морам сепак да признаам дека во овој момент не сум баш сигурен кога Конор ќе може повторно да се бори. Мораме да ги сочекаме одговорите од Атлетската комисија на Невада“, истакна Вајт.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО