Флојд Мејведер е казнет со 767.500 долари, учествувал во светска измама

Непоразениот боксерски шампион Флојд Мејведер и Ди џеј Калед се парично казнети затоа што криеле дека се платени за промоција на криптовалути.

Комисијата за хартии од вредност на САД им наложи на Мејведер и Калед вкупна парична казна од 767.500 американски долари, објави Ројтерс.

Претходно оваа недела, агенцијата објави дека има зголемување на бројот на истакнати личности кои промовираат криптовалути за 1.000 долари по објава, но не откриваат дека и самите тие инвестирале во нив.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО