Џошуа: Порано или подоцна ќе се борам со Тајсон Фјури

Entoni dzosua

Еден од светските шампиони во тешка категорија, Ентони Џошуа, ја коментира можноста порано или подоцна да се сретне со сонародникот Тајсон Фјури, кој исто така е меѓу владетелите во категоријата во овој момент.

„Луѓето од мене бараат да се борам со Тајсон Фјури. Сепак сме во позиција во која можеме да го направиме тоа, но не е потребно. Тој го прави тоа што го прави, а јас се уште напредувам. Кога ќе дојде време за тоа, јас ќе бидам подготвен. Но нема да стојам на едно место и да ги чекам овие момци, за да се бориме. Ќе продолжам да бидам активен“.

„Сега мисли за меч со Владимир Кличко. Сепак, ова е дуел кој би го сакал. Во меѓувреме, ќе продолжам по свој пат, а ќе почекам, порано или подоцна патиштата ќе ни се вкрстат. Ова ќе се случи и треба да се случи, а го ќе кажам следново: секоја една ера има борци во тешка категорија, кои порано или подоцна мора да се борат меѓу себе. Сега тоа е нашата ера. Не можеме да се криеме еден од друг. Тоа би било најлошата ера во историјата во таков случај. Ти си оној, против кого се бориме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON