Нејт Дијаз: Не сакав да се борам со Мек Грегор, воопшто не сакам да се борам (ВИДЕО)

Nejt Dijaz vo kadar sam

Неколку дена пред вториот меч со Конор Мек Грегор на УФЦ 202, Нејт Дијаз даде повеќе од чудна изјава во интервју за БТ спорт, во која вели дури и дека не сакал повторно да се бори со ирскиот ривал.

За БТ спорт посочи дека веќе тешко наоѓа доволно желба за повторно да се бори воопшто, имајќи предвид дека тој веќе има доволно средства и можности надвор од октагонот, за да се наметнува повторно да влезе во него.

„Вистината е дека не сакав повторно да се борам со Мек Грегор. Тој го сакаше тоа, а и од УФЦ го сакаа истото. Јас не сакав да се борам. Всушност, вопшто не сакам да се борам“.

Видете го целото интервју на Нејт Дијаз за БТ спорт, ден пред големиот судир на УФЦ 202 во Лас Вегас:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО