Џошуа: Ми треба победата на Вајлдер, но нема да останам буден за борбата со Фјури

Ентони Џошуа не планира да го гледа директниот пренос на борбата меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури.

Поранешниот шампион на 1 декември во Лос Анџелес ќе го предизвика 33-годишниот Американец во неговата осма одбрана на појасот на ВБЦ.

Поради временската разлика борбата за британските гледачи започнува во раните утрински часови.

Џошуа се надева на победа на Вајлдер која треба да доведе до голем меч за неоспорен шампион. Британцот беше во преговори за неоспорен шампион на ВБЦ пред да бидат прекинати и Вајлдер да се сврте кон Фјури.

„За жал, борбата е прерано за мене, така што ќе спијам, но потоа со задоволство ќе ги поггледнам најинтересните моменти“, рече Џошуа.

„Потребна ми е победата на Вајлдер. Ако го задржи појасот тоа ни дава поголеми шанси за нашата борба, а мислам дека тоа е меч што го посакува јавноста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО