Херн: Ќе му понудиме договор на Вајлдер за две борби

Промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн, вели дека се подготвени да му понудат на Дионтеј Вајлдер договор за две борби.

Според оваа понуда, ако Вајлдер на 1 декември го победи Тајсон Фјури, мечот за неприкосновен орвак со Џошуа треба да се одржи на 13 април на Вембли, додека втората борба треба да се одржи во САД.

„Ако Фјури победи и ја активира клаузулата за реванш, знаеме дека мораме да продолжиме сами, но добив наредба да договорам борба. Досега не сакаа да разговараат со нас. По оваа борба, ако Вајлдер победи, но во недела ќа притсикаме и ќе прашаме дали сега постои каквабило шанса? Можеме ли сега да се сретнеме? Ако повторно речат не, не знам што можеме повеќе да направиме“, изјави Херн за Скај спорт.

„По 1 декември веројатно имаме три недели да договориме борба. Тоа е доволно време ако сите се разумни, но кој знае дали тие вопшто го сакаат тоа. Досега навистина не сакаа да разговараат со мене“.

„На 13 април ќе треба лесно да одговарам на сите, овој пат понудата е за две борби. Една во Америка, а другата во Велика Британија, не може да поштено од тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО