Џорџ Гроувс во четвртиот обид ја освои светската титула (ВИДЕО)

Џорџ Гроувс – Светецот (Англија) ја освои титулата на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во суперсредна категорија во четвртиот обид.

Гроувс се сретна со Фјодор Чудинов (Русија) на галавечерта во Шефилд. Средбата беше многу атрактивна. Двајцата боксери зададоа брутални удари. Разврската се случи во шестата рунда. Тогаш Гроувс пласира 15 чисти удари. Неговиот ривал не падна, а наместо тоа падна во глува одбрана. Тоа го принуди судијата Стив Греј, кој е сонародник на Гроувс, да ја прекине средбата.

Гроувс веќе има 26 победи (19 со нокаут) и 3 порази.

Гроувс стана вториот актуелен светски шампион на „Зауерланд“. Другиот е Тајрон Цојге кој ќе ја брани титулата во средината на јуни против Пол Смит.

https://youtu.be/FKFLVYNxIBo

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО