Елвир Куртановиќ: На Европското првенство за региони очекувам висок пласман на Кеикс!

Карате клубот Кеикс на Државното првенствво за кадети, јуниори и У -21 во екипниот дел во мешан состав кадети и јуниори -жени се закити со златен медел, а со тоа се стекна со право да учествува на Европското првенство за региони, кое идната недела (3 и 4 јуни) се одржува во Приштина –Косово.

„Репрензетартивките на КК Кеикс ќе го преставуваат регионот Скопје. Како тренер очекувам висок пласман на овој натпревар. Со оглед на тоа дека во овој период се одржува Изборен турнир за К,Ј и У-21 за Светското првенство во Шпанија кое ќе се одржи во октомври 2017 година, можам да очекувам добри резултати со оглед на формата што ја имаат нашите преставнички.

Вероника Костовска, Азра Цури и Маја Стојменовска ќе го дадат својот максимум за добар пласман. Во тоа сум уверен затоа што долго време се во каратето и имаат забележителни резултати и како потенцијали во кои КК Кеикс верува и преку квалитетни тренинзи и натпревари полека но сигурно ги насочува кон врвот на светското карате“, вели тренерот на КК Кеикс, Елвир Куртановиќ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО