Џералд Вашингтон: Ќе го шокирам Вајлдер

Dzerlad Vasington

Предизвикувачот за титулата на Светскиот боксерски совет во тешка категорија, Џералд Вашингтон, сериозно му се закани на шампионот Дионтеј Вајлдер. Двајцата Американци ќе се сретнат на 25 февруари.

„Обожавателите ќе ја видат борбата што ја сакаат. Четири и пол години се подготвува, за да дојде до оваа средба. Мислам прво да го стресам, а потоа и да го нокаутирам. Немам намера да чекам судиите да го одлучат победникот. Ќе го шокирам светот на 25 февруари. Добро е што сите ме отпишуваат. Притисокот оди на Вајлдер, бидејќи јас сум аутсајдер“.

Вашингтон има 18 победи (12 со нокаут) и 1 нерешена борба. 34-годишниот шампион има победи над Реј Остин, Еди Чемберс и Тревис Вокер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО