Меѓународна сценаММА
Мек Грегор ја поддржа Ронда Русеј
ММА ѕвездата Конор Мек Грегор ја поддржа Ронда Русеј по нејзиното пораз од пред неколку недели против Аманда Нуњеш во мечот за титулата перо категорија.
„Ја обожувам Ронда и секогаш сум ја поддржувалт. Кога таа загуби некој напиша дека сум славел. Тоа не е вистина. Не празнувам туѓи порази. Тоа е знак на слабост. Некои луѓе се веселеа кога загубив, иако немаат никаква почит спрема мене. Вистинските шампиони не постапуваат на сличен начин“, изјави Мек Грегор.
Мек Грегор и Русеј се сметаат за двајцата најпопуларни ММА борци, а нивните натпревари ги соборуваат рекорди во рејтинзите.




